Дома Ракомет Начевски и Николов ќе судат на уште едно дерби на СП!

Начевски и Николов ќе судат на уште едно дерби на СП!

ИХФ продолжува да покажува дека има огромна доверба во македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, па така им додели да судат уште едно дерби.

Најдобрите македонски ракометни судии ќе делат правда на натпреварот помеѓу Шведска и Исланд кој се игра во „Скандинавиум арена“ во Гетеборг од 20:30 часот.

Овој натпревар многу одлучува за пласманот во групата и патниците во нокаут фазата на Мундијалот.

Претходно Начевски и Николов судеа на натпреварите Бахреин – Тунис и Унгарија – Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Одбраната во фокусот на Костески: Македонија по втор триумф во Халкида

Македонија денеска од 16 часот ѝ гостува на Грција во квалификациите за ЕП 2028. Никола Ко…