Дома Македонски спорт Мак ракомет Нацева: Европското првенство е одлична шанса да се подигне женскиот ракомет на повисоко ниво

Нацева: Европското првенство е одлична шанса да се подигне женскиот ракомет на повисоко ниво

Под слоганот #PLAYWITHHEARТ, Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора, есенва ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во ракомет за жени.

Првенството ќе се одржува од 4 – 20 ноември, а меѓу најдобрите 16 европски селекции, македонската женска ракометна репрезентација во прелиминарната фаза ќе настапи во рамки на групата Ц, заедно со Холандија, Романија и Франција. Натпреварите од прелиминарната Ц група ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски,“ а билетите се веќе во продажба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на официјалната прес-конференција на Ракометната федерација на Македонија, официјално беше претставена програмата за богатата спортска есен, чиј епицентар ќе биде градот Скопје. Покрај тоа, во рамки на настанот, г-ѓа Гордана Нацева – едно од најмаркантните ракометни имиња и капитен на некогашниот европски шампион Кометал Ѓорче Петров, беше промовирана во амбасадор на Women’s EHF EURO 2022 SLO/MKD/MNE .

Според Нацева, фактот што земјава е еден од домаќините, претстојното првенство, претставува одлична можност да се врати центарот на вниманието на женскиот ракомет во македонски рамки, но и да се зголеми интересот за ракометот на девојките ширум земјата.

„EHF EURO група Ц,  која ќе се игра во Скопје, е одлична шанса да се подигне женскиот ракомет на повисоко ниво, да се стави спортот во центарот на вниманието и да се мотивираат младите девојки, како би имале поголем интерес за ракометот. Спортот е најдоброто нешто во животот и развојот на едно дете и би сакала тоа да го знаат и родителите и децата. Спортот може да ве научи на многу работи. Затоа ова натпреварување ќе биде ветар во крила за сите нас во женскиот ракомет да направиме нешто подобро“, вели Нацева.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …