Неверојатен попладнево беше одигран во второто по ранг натпреварување во Англија – Чемпионшип.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гледачите на „Ештон Гејт“ беа сведоци на вистински празник на фудбалот во рамките од 44 коло во Чемпиошип.
Во натпреварот помеѓу паднаа дури 10 погодоци, а освен голеадата натпреварот беше обележан и со пресврти.
„Тигрите“ стигнаа до предност преку Вилсон во 16 минута, а домаќинот до полувремето со головите на Пак и Диду направи целосен пресврт за 2:1.
После седум минути игра во вториот дел, Сенегалецот Диду го постигнува својот гол за водство од два гол на Бристол, меѓутоа само три минути подоцна Хал намалува на 3:2 благодарение на автоголот на Филдинг.
Кон средината на вториот дел Бристол повторно стигнува до водство од два гола разлика, но „тригите“ во период од 15 минути постигнаа три погодоци и беа на чекор од победа.
Сепак, Бристол во судиското продолжение со голот на Брајан кој беше 10-ти натпреварот изедначи на конечни 5:5.