Дома Фудбал Англија Натпреварот Лестер – Кристал Палас беше прекинат за Фофана да може да ифтари 🎥

Натпреварот Лестер – Кристал Палас беше прекинат за Фофана да може да ифтари 🎥

Фудбалерите на Лестер вчера на свој терен го победија Кристал Палас со 2:1 во рамките од 33. Коло во Премиер лигата.

Лестер успеа да дојде до важни три бода во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Иако гостите од Лондон пружија добар отпор. Кристал Палас поведе уште во 12. минута кога гол постигна Заха, но „лисиците“ во второто полувреме дојдоа до пресврт.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Домаќините на 1:1 изедначија после пет минути игра во второто полувреме, погоди Кастањ. Победата на Лестер во самиот финиш ја обезбеди Инхеначо (2:1).

Овој натпревар беше обележан и со моментот од 34. Минута кога дефанзивецот на домаќините Весли Фофана го прекина постото. Познато е дека Фофана пости во месецот рамазан, а пред неколку дена беше  во центарот на вниманието кога Бренд Роџерс призна дека морал да го замени за да ифтари.

Многумина беа воодушевени од деталот од вчерашниот натпревар кога дуелот беше прекинат на неколку моменти за Фофана да може да ифтари, односно само да го обележи крајот на постот. Тој се напи вода и изеде енергетско чоколадо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…