Дома Македонски спорт Наташа Андонова со Барселона ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите

Наташа Андонова со Барселона ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова обезбеди полуфинале во Лигата на шампионите откако со Барселона со вкупни 4:0 беа подобри од Квинер.

Барселона и Андонова во реваншот славеа победа од 1:0 откако во првиот натпревар обезбедија победа од 3:0 и така со вкупни 4:0 се пласираа помеѓу најдобрите четири.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалерка во овој натпревар ги одигра вторите 45 минути, а во полуфиналето Барселона ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Славија Прага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…