Дома Трансфер зона Наполи ја најде замената за Милик

Наполи ја најде замената за Милик

Раководството на Наполи е силно заинтересирано за голгетерот на Лил, Виктор Осимен, пренесуваат медиумите на Апенините.

21-годишниот Нигериец игра фантастилно оваа сезона во дресот на Лил, па го привлече вниманието на клубовите ширум Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осимен оваа сезона на 38 меча постигна 18 гола и запиша 6 асистенции, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.

Наполи пак летово ќе се раздели со Милик и веќе ја започна потрагата по нов напаѓач, а прва желба е токму Осимен.

Сепак италијанскиот клуб ќе треба да се избори со конкуренцијата бидејќи за Нигериецот интерес покажуваат уште Челзи и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…