Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис уште еднаш потврди дека не сака да ја продаде ѕвездата на тимот, Виктор Осимен.
Осимен игра одлична сезона, постигна 16 гола на 17 меча и е прв стрелец во Серија А, па многу европски гиганти покажуваат интерес за него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Осимен не е на продажба. Нашите играчи се посакувани од други клубови, но ние Наполи нема потреба да продава никого, ние немаме долгови“, категоричен е Де Лаурентис.
Медиумите пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен се спремни да понудат 120 милиони евра за Осимен и дека Наполи тешко ќе може да ги одбие.