Дома Трансфер зона Наполи спрема трансфер-бомба од 120 милиони

Наполи спрема трансфер-бомба од 120 милиони

Фудбалерот на Наполи и нигериски репрезентативец, Виктор Осимен готово сигурно на лето ќе се пресели во Премиер лигата.

Односите помеѓу напаѓачот и клубот се комплетно нарушени, па и преговорите за нов договор се во застој.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради тоа Наполи ќе биде приморан да го продаде на лето, а Осимен никогаш не ја криел желбата да игра во Премиер лигата.

Последните информации од Островот се дека Тотенхем се вклучил во трката за потписот на Нигериецот.

Тотенхем игра одлична сезона, но во Осимен гледа долгорочна замена за Хари Кејн и сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе уште во јануари.

Имено, „Спарси“ спремиле понуда од 120 милиони евра, но тешко е да се поверува дека Наполи ќе го продаде на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…