Во Наполи, како што пренесуваат италијанските медиуми, се спремни повторно да го променат тренерот.
На крајот од 2019. година, Наполитанците го отпуштија Карло Анчелоти и на негово место го поставија Џенаро Гатусо, но во клубот не се многу задоволни од работата на поранешниот фудбалер на Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наполи се надеваше дека ќе ја забележи третата победа во низа за искачување во горниот дел на табелата, но во неделата на домашен терен доживеа изненадувачки пораз од Лече (2:3), што предизвика големи критики на сметка на Гатусо.
„Во Наполи сериозно размислуваат за тоа во јуни да не му го продолжат договорот на Гатусо. Де Лаурентис бара алтернатива.“ – пишуваат италијанските медиуми.
Calciomercato.it наведува дека Наполи под водство на Гатусо освојува помалку бодови, постигнува помалку и прима повеќе голови за разлика од времето кога на кормилото беше Анчелоти.
Доколку Гатусо стане поранешен, се споменува дека во игра за негов наследник се три имиња, и тоа: Иван Јуриќ, Џанпиеро Гасперини и Лучано Спалети.