Дома Трансфер зона Наполи постави цена на својот „бисер“ – Реал и Ливерпул во шок!

Наполи постави цена на својот „бисер“ – Реал и Ливерпул во шок!

Фудбалерот на Наполи, Пјотр Зиелински наскоро би требало да потпише нов договор со италијанскиот клуб во кој би имал откупна клаузула од 150 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зиелински има договор со Наполи до 2021 година и актуелната откупна клаузула изнесува 65 милиони евра, сума која не одговара на квалитетите на полскиот репрезентативец.

Имено, 24-годишниот фудбалер за врска оваа сезона блеска во дресот на Наполи и го привлече вниманието на многу европски гигант, меѓу кои Ливерпул и Реал Мадрид, кои се спремни да ја платат таа сума.

Поради тоа Наполи сака да ја „блиндира“ својата ѕвезда и во новиот договор да стави откупна клаузула од 150 милиони евра, сума која тешко кој клуб ќе прифати да ја плати.

Секако, Зиелински со новиот договор ќе добие значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…