Дома Трансфер зона Наполи и Јувентус се „тепаат“ за младата ѕвезда на Порто

Наполи и Јувентус се „тепаат“ за младата ѕвезда на Порто

Јувентус и Наполи покажуваат сериозен интерес за 18-годишниот дефанзивец на Порто, Диого Далот, пренесуваат италијанските медиуми.

Двата клуба испратија свои скаути да го гледаат во живо фудбалерот против Бенфика Б, кој младинците на Порто го добија со 3:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далот блесна за време на Светското првенство за играчи до 20 години, а оваа сезона дебитираше и за првиот тим на Порто во Купот на Португалија.

Меѓутоа, неговата цена од 20 милиони евра може да ги натера италијанските клубови да се откажат од битката за потписот бидејќи сметаат дека е многу висока за играч на негова возраст.

Скаутите останаа импресионирани од Далот кој на тој натпревар постигна гол и запиша една асистенција. Ова лето Порто одби да го продаде младиот фудбалер на Барселона која понуди 10 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…