Дома Фудбал Наполи игра фантастична сезона, но има и еден проблем

Наполи игра фантастична сезона, но има и еден проблем

Наполи ја продолжи својата одлична форма со вчерашната победа против Ајнтрахт во осминафиналето од Лигата на шампионите (0:2), но екипата на Лучијано на Спалети има еден проблем – пеналите!

Како што одминува сезоната полека станува јасно дека Наполи има проблем со реализација на ударите од белата точка. Пенал промашија и вчера против Ајнтрахт, не го реализираше Квича Кварацхелија.

Сезонава во Лигата на шампионите Наполи изведе шест пенали и промаши три, пред Грузиецот промашија Зјелински и Осимен.

Треба да се спомене и дека Наполи на пенали беше елиминиран од Кремонезе во Купот на Италија, во таа пенал серија клучниот пенал не го реализираше лоботока. Најдобар процент на реализирани пенали имаат во Серија А, „пет од шест“, единственито кој промаши во италијанското првенство е Политано против Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…