Наполи е вистински хит во Европа во есенскиот дел од сезоната. Тимот на Лучијано Спалети е лидер во Серија А и се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите каде што ќе игра против Ајнтрахт.
Еден од лидерите на оваа екипа е играчот за врска Франк Замбо Ангиса, а Наполи денес заврши голема работа бидејќи го продолжи договорот со Камерунецот до 2025 година. Во новиот договор постои и ставка дека соработката може да се продолжи до 2027.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ангиса во Наполи стигна минатото лето од Фулам и остави одличен впечаток, па затоа и новиот договор не е изненадување. Пред Фулам играше за Марсеј, додека беше член на францускиот клуб одигра сезона на позајмица во Виљареал.
Ангиса по овој потпис го очекува Мундијалот во Катар каде што неговиот Камерун ќе игра во група со Србија, Бразил и Швајцарија.
𝓕𝓻𝓪𝓷𝓴 𝓐𝓷𝓰𝓾𝓲𝓼𝓼𝓪 ✍️😍
— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) November 11, 2022
💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/Xgl7PzetLL