Дома Фудбал Италија Наполи го договори првото засилување оваа зима

Наполи го договори првото засилување оваа зима

Наполи, според пишувањата на италијанските медиуми, го обезбеди првото засилување за вториот дел од сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатогодишните вице-шампиони во Серија А завршија на осмото место во првиот дел од сезоната со 18 поени помалку од водечкиот тандем Интер-Јувентус, па нема сомнение дека јануари ќе донесе големи промени во соблекувалната.

Неколку играчи се на излезната врата од Наполи, а кога станува збор за засилувања, првиот играч кој ќе пристигне е Станислав Лоботка, кој во наредните денови ќе потпише петгодишен договор со италијанскиот клуб.

Овој 25-годишен играч по сезона ќе заработува 1.8 милиони евра, а Селта Виго на име обештетување ќе добие помеѓу 18 и 20 милиони евра.

Во текот на својата кариера, Лоботка играше за Селта, Нордселанд, Тренчин и втората екипа на Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов инцидент во САД: Пукање по натпревар, повредени најмалку четири лица!

Нови ужасни вести пристигнуваат од Светското првенство кое оваа година се игра во Америка,…