Дома Фудбал Италија Наполи го „блиндира“ Фабиан Руиз

Наполи го „блиндира“ Фабиан Руиз

Раководството на Наполи ќе направи нов обид да го продолжи договорот на својата ѕвезда Фабиан Руиз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на Шпанецот со Наполи истекува во 2023 година, но Руиз со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Реал Мадрид и Барселона.

Италијанските медиуми тврдат дека Наполи нема лесно да се откаже од играчот за врска и му нуди нов договор со значително зголемување на платата.

Не е тајна дека Фабиан Руиз е на мета на Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул, па поради тоа Наполи сака што е можно побрзо играчот да потпише нов договор.

Имено, Наполи му нуди на Шпанецот двојно поголема плата, односно 4 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нема повеќе дилеми: Арбелоa потврди крај за две ѕвезди на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа го победи Севилја на гостување со 1:0, во натпревар без резултатско зна…