Дома Трансфер зона Наполи веќе најде замена за Осимен

Наполи веќе најде замена за Осимен

Италијанските медиуми пренесуваат дека  Наполи е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатата сезона  Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. 

Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо, па Рома е спремна да го продаде на лето.

Наполи будно ја следи ситуацијата и во него гледа идеална замена за Осимен, кој игра фантастична сезона, па Наполитанците тешко ќе можат да го задржат.

Европските гиганти се спремни да понудат повеќе од 100 милиони евра за Осимен, па доколку замине, Наполи ќе се насочи кон Абрахам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…