Дома Фудбал Лига на шампиони Наполи без Елмас киксна против Унион Берлин

Наполи без Елмас киксна против Унион Берлин

Наполи одигра само 1:1 против Унион Берлин во Лигата на шампиони, иако во целиот меч беше подобар противник.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас целиот меч остана на клупата за резерви и не доби шанса за настап.

Наполи доминираше и поведе со гол на Политано во 39-та минута, па се чинеше дека тоа ќе биде лесна победа.

Во второто полувреме домашните создаваа шанси, но наместо втор гол Унион Берлин преку контранапад дојде до израмнување на 1:1 преку Фофана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА ја враќа Русија на меѓународната сцена?

ФИФА дозволи учество на руската репрезентација до 15 години на меѓународен турнир во Азија…