Екипата на Шкендија денеска се пофали со ново име во своите редови. Нов член на клубот од Тетово е напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Доуда Бамба.
Во прашање е 29-годишен напаѓач кој во македонското првенство пристигнува од редовите на Умранијаспор во Турција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно во кариерата настапуваше Алпај од Турција, ЦСКА Софија од Бугарија и норвешките: Бран, Конгсвингер и Кристансунд.
Тетовачни очекуваат од него да биде големо засилување во нападот за новата сезона, но и за европските квалификации.