Ливерпул пред две години стана шампион на Европа откако во финалето го победи Тотенхем со 2:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Едни од клучните голови во походот на Лигата на шампиони ги постигна Дивок Ориги во полуфиналето против Барселона и во финалето против Тотенхем.
Година ипол подоцна Ориги се наоѓа на излезни врати од „Енфилд“, а кариерата би можел да ја продолжи во Бундеслигата.
Германски „Скај“ известува дека Ливерпул и Шалке се договораат за размена на играчи. Ориги би можел да се упати во Гелзенкирхен, додека во Англија би можел да пристигна Озан Кабак.
Инаку, популарните „рудари“ во овој момент се најлошиот тим во Бундеслигата и се наоѓаат на дното на табелата, после 13 одиграни натпревари не знаат за победа.