Напаѓачот Дивок Ориги,кој изминатите сезони важеше како „џокер“ на Јирген Клоп, во јануари најверојатно ќе го напушти Ливерпул.
Ориги, од почетокот на сезоната, во Премиер лигата има одиграно само девет минути. Според британските медиуми, Белгиецот кариерата ќе ја продолжи во Вулверхемптон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Волците“, останаа без напаѓач, откако пред три недели серизно се повреди Раул Хименез, а имаат одлични односи со Ливерпул.
Ориги е играч на Ливерпул од 2014 година. Една година мина на позајмица во Лил и една во Волфсбург, а за „црвените“ има одиграно 93 натпревари, на кои постигнал 19 голови.