Јапонската тенисерка Наоми Осака се пласира во ново големо финале на Гренд Слем турнирите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Денеска Осака имаше тешка задача бидејќи играше против далеку поискусната Плишкова, но после големата борба успеа да ја порази со 2:1 во сетови.
Првиот сет и припадна на Јапонката која после два направени брејка славеше со 6:2, а Плишкова во продолжение го изедначи резултатот славејќи во вториот сет со 6:4. Сепак, Осака беше подобра во одлучувачкиот период и славеше со 6:4, со што обезбеди пласман во големото финале.
Таму ја чека дуел против Петра Квитова која претходно ја порази Колинс. Ова ќе биде прв двобој на овие две тенисерки.