Кристиано Роналдо сигурно нема да ја заврши кариерата наскоро, иако има веќе 35 години.
Португалецот со договор со Јувентус е врзан уште две години, но се шпекулира дека наредното лето би можел да ја напушти „старата дама“. Наводно негова желба е да се проба во МЛС лигата. Тоа го потврди и неговиот поранешен соиграч Луис Нани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нани пред повеќе од една година одлучи да оди во Америка и потпиша договор со Орландо. Тој се воодушеви од фудбалот во МЛС, напредуваше и верува дека се повеќе ѕвезди ќе доаѓаат во оваа лига.
Поранешниот играч на Спортинг изјави дека очекува Роналдо да дојде во МЛС кога ќе го напушти Јувентус и дека тоа во една прилика му го признал.
„Пред неколку дена ми кажа дека најверојатно ќе ја заврши кариерата во Америка. Не знам дали го променил мислењето, но сигурно дека постои шанса да дојде тука. Ова е одлична лига и неверојатно е колку напредуваа во претходните години. Ако Роналдо дојде сигурно дека ќе придонесе за уште поголема популарност на МЛС“, изјави Нани.