Пари Сент Жермен може да го „украде“ Бакајоко пред носот на Милан, пренесуваат француските медиуми.
Бакајоко веќе подолго време се поврзува со трансфер во Милан, има договор со „росонерите“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан нуди 25 милиони евра, но Челзи не попушта и за слободата на Французинот бара поголема сума.
Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ и да го донесе Бакајоко на „Паркот на принцовите“.
„Светците“ се во потрага по квалитетен играч за врска, а Леонардо одлично го познава Бакајоко и веќе испратил понуда до Челзи.
ПСЖ го сака Бакајоко на едногодишна позајмица за 5 милиони евра со откуп следното лето за додатни 40 милиони евра.
? Telefoot: PSG in active talks with Chelsea over deal for €45m-rated Bakayoko as #ACMilan watch onhttps://t.co/wiZcCYRPmG #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) September 23, 2020