Дома Фудбал Италија Намерно или не, сега е потврдено: Бонучи го пропушта големото дерби!

Намерно или не, сега е потврдено: Бонучи го пропушта големото дерби!

Екипата на Милан поминува низ турбулентен период на почетокот од новата сезона во Серија А.

„Росонерите“ во викендот кој е зад нас ја продолжија низата без победи, клупата на Монтела се повеќе се „тресе“. Навивачите на „Сан Сиро“ го покажаа своето незадоволство и со свирежи ги испратија своите играчи на крајот од натпреварот. Се започна кон средината на првото полувреме кога капитенот на домаќините Леонардо Бонучи заработи црвен картон.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Бонучи со лакт го удри противничкиот фудбалер по што главниот судија на натпреварот му покажа директен црвен картон, а многумина веруваат дека и намерно “поцрвенел“. Имено, Милан во наредниот викенд игра против Јувентус и се верува дека Бонучи сакал да го пропушти натпреварот против својот поранешен клуб.

Доколку планот на Бонучи бил таков, тогаш успеа и да го оствари. Дисциплинската комисија на Серија А денес објави дека поради исклучувањето против Џенова, Италијанецот ќе добие суспензија од два натпревари, што значи дека ќе го пропушти натпреварот против Киево во среда и дербито во сабота кое се игра на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…