Дома Трансфер зона Накамура се уште игра фудбал, а сега со неговиот соиграч ќе бидат тандем од 93 години!

Накамура се уште игра фудбал, а сега со неговиот соиграч ќе бидат тандем од 93 години!

Јапонците ги поместуваат границите.

Фудбалскиот Јокохама е познат по тоа што во своите редови го има најстариот фудбалер на планетата, Казуа Миура.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој напаѓач има 52 години и се уште нема намера да стави крај, а денес доби квалитетно друштво.

Имено, договор со фудбалскиот клуб Јокохама денес потпиша легендарниот јапонски играч за врска Шунсуке Накамура.

Накамура има 41 година и е 11 години помлад Куаза.

Европа го памети од времето додека го носеше дресот на Селтик. Имаше разорна левица и беше мајстор за слободни удари.

Ќе видиме каква му е левицатана 41 година и како ќе изгледа кога ќе истрча на теренот. Тој и Казуа ќе формираат тандем од 93 години.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …