Реал Мадрид е во голгетерска криза и овој проблем се повеќе зема замав. После сиромашните 0:0 против Бетис минатиот викенд одекна загрижувачка порака – не се памети кога Реал имал толкав фонд на играчи (26 во ротација) со толку слаб учинок во нападот.
После четвртина од сезоната Зинедин Зидан на теренот не ги користеше само Маријано Диаз и Марко Асенсио кој поради повредата на лигаментите нема да биде во ротација до наредната есен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На Реал Мадрид под итно му се потребни голови и тоа не е претерување, туку реалност. Маријано Диаз до сега не беше употребуван, Карим Бензема и Лука Јовиќ се недопирливи, Азар дефинитивно не ги оправда 100-те милиони и се вклопи во сивилото.
Заклучокот е едноставен – над Мадрид уште стои сенката на Кристиано Роналдо. Да објасниме, откако Роналдо замина во Јувентус на Реал му недостигаат голови.
Перез направи сериозен кикс кога Лопетеги го остави без замена за Роналдо и се она што еден од најдобрите фудбалери во историјата носи со себе. Кога и самиот забележа дека направи грешка, Перез потроши минатото лето 300 милиони евра, меѓутоа барем засега не погоди со засилувањата.
Мадритската „Марка“ извлече статистика во последните 11 години и факт е дека Реал пати поради Кристиано…Оваа сезона „кралевите“ постигнаа 24 гола од 209 шута. Тоа е успешност од само 11.48%. Ваквиот процент е полош дури и од минатата сезона кога Реал остана на само 14.79%. Во сезоните кога Роналдо беше играч на Реал просекот на тимот се движеше на околу 20% успешност, што значи дека во просек секој петти шут кон голот завршувал во мрежата, сега тој однос е еден спрема десет.
Во овој момент Реал 22-ри клуб во топ пет првенства по ефикасноста со 24 голови на 14 натпревари.