Информацијата дека на синоќешното финале од германската младинска лига помеѓу Дортмунд и Баерн, на легендарниот Вестфален, го следеле околу 33.000 гледачи е навистина импресивен и најдобар показател колку германците го сакаат фудбалот како спорт во секаков формат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Да, добро прочитавте, точно 33.450 луѓе се собрале на стадионските трибини за да ги гледаат младите надежи на своите омилени клубови кои немаат повеќе од 19 години.
А на трибините имаше од сите возрасти и типови на навивачи – и старо, и младо, и „ултраси“ и симпатизери, сето измешано. Сепак, нејневеројатна глетка претставува податокот дека дека меѓу присутните на трибините, буквално измешани со сите, беа и претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес и помошниот тренер Херман Жерлан.