Дома Останати Тенис Надал: Јас и Новак имаме различни ставови, само следам што кажуваат стручните лица

Надал: Јас и Новак имаме различни ставови, само следам што кажуваат стручните лица

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал уште еднаш повтори дека не се согласува со Новак Ѓоковиќ околу ставот за вакцинацијата.

Српскиот тенисер беше депортиран од Австралија и го пропушти првиот гренслем во сезоната. Надал неколку пати зборуваше за оваа ситуација, а сега повторно се огласи.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Ги почитувам сите мислења. Моите ставови и ставовите на Ѓоковиќ во овој момент се многу различни. Бројките кажуваат дека од коронавирусот починаа многу луѓе. Сепак, повторно многумина се сомневаат во несакани ефекти од вакцинацијата“.

„Јасно е дека не знаеме 100% што се случува со вакцината, но знаеме дека сосема сигурно какви се последиците од вирусот и дека бројот на починати ќе беше многу поголем ако не беа вакцините. Ќе повторам, ги почитувам другите мислења, иако не се согласува. Јас го следам она што го кажуваат луѓето кои се стручни“, изјави Надал.

Во претходните денови се пишуваше дека Ѓоковиќ ќе има проблем да игра на повеќе турнири оваа сезона доколку остане невакциниран.

„Тоа не е спортска дебата. Би сакал Новак да игра на сите турнири, нормално е дека турнирите се подобри кога на него играат најдобрите. Јас сум љубител на спортот, кога гледам голф или фудбал сакам да ги гледам на најдобрите, така и во тенисот. Сепак, ова прашање е повеќе од спортот, ова е прашање на здравје и секоја земја има свои правила кои ние мораме да ги почитуваме“, смета шпанскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Се подготвува нешто спектакуларно: Ѓоковиќ и Роналдо! (Фото)

Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо очигледно подготвуваат големо изненадување, само сè ушт…