Дома Останати Тенис Надал собра храброст и јавно призна: Ѓоковиќ е најдобриот во историјата!

Надал собра храброст и јавно призна: Ѓоковиќ е најдобриот во историјата!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека Србинот Новак Ѓоковиќ е најдобриот играч во историјата на тенисот според освоените титули.

„Бројките се бројки, а статистиката е статистика и во таа смисла неговите бројки се секако подобри од моите. Немам доволно големо его за да не ја прифатам реалноста таква каква што е. Ова е вистина. Останатото е прашање на вкус, инспирација, чувство, против кои можеби еден играч повеќе ви се допаѓа отколку друг. Што се однесува до титулите, Ѓоковиќ е најдобар во историјата и нема што да се разговара“, изјави Надал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Триесет и шестгодишниот Ѓоковиќ е апсолутен рекордер по бројот на победи на Грен слем турнирите во 21 век – 24. Има и 97 победи на АТП турнирите. Во моментов тој е првиот рекет на светот.

Една година повозрасниот Надал во кариерата има освоено 22 Грен слем титули во сингл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …