Првиот фаворит за освојување на Ролан Гарос стигна до ¼ финалето со нова убедлива победа.
Од почетокот на актуелниот турнир, Рафаел Надал не изгубил нитт еден сет, а феноменалната серија ја продолжи и денес во мечот со германскиот претставник Максимилијан Мтерер, 70-ти тенисер на АТП листата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Надал славеше победа со 3:0 во сетови, 6:3, 6:3 и 7:6 (7:4) и така се пласираше помеѓу осумите најдобри.
Иако триумфот на Шпанецот е убедлив сепак 22 годишниот Германец пружи сосема солиден отпор, посебно во третиот сет, но сепак не успеа да го направи мечот неизвесен.
Во борбата за пласман во полуфиналето, Надал ќе се сретне со Диего Шварцман од Аргентина кој претходно денес го елиминираше Кевин Андерсон, после голем пресврт со 3:2 во сетови 1:6, 2:6, 7:5, 7:6 (7:0) и 6:2.