Дома Останати Тенис Надал призна: Ќе се вратам, но нема да го стигнам Ѓоковиќ

Надал призна: Ќе се вратам, но нема да го стигнам Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе долго време е надвор од тениските терени, но 37-годишниот Шпанец најави дека сака што побрзо да се врати.

Надал потврди дека неговото враќање е сигурно, но се уште не може да одговори на прашањето кога тоа ќе се случи. Негова желба е да настапи на Австралија Опен кој е на програмата на почетокот на 2024 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако сакате нешто ново што досега не сум ви го кажал, искрено мислам дека повторно ќе играм. Не знам кога тоа ќе биде, но среќен сум како работите се одвиваат“, изјави Надал на настанот кој беше организиран од неговиот доктор Анхел Руиз.

Надал не играл од последниот Австралија Опен оваа година и се опоравува од повредите на колкот и ногата.

„Пред неколку недели не бев сигурен дали ќе можам да се вратам, но работите се одвиваат во позитивна насока. Се надевам дека ќе можам да потврдам кога во наредните недели. Не знам на какво ниво ќе бидам, но не сум заборавил да играм тенис. Кога ќе знам кога ќе се вртам, веднаш ќе објавам. Тренирам и среќен сум“, порача Шпанецот.

Новинарите повторно го прашаа и за трката со Ѓоковиќ по бројот на грен-слем титули, а Надал е свесен за ситуацијата во која се наоѓа.

„Не играв една година и за мене успех е да се вратам на терените. Свесен сум дека ќе биде тешко да играм на највисоко ниво, меѓутоа ако не верував дека можам да сум конкурентен, немаше да се трудев толку многу во изминатиот период. Сигурно нема да освојам повеќе Грен-слем титули од Ѓоковиќ, но ќе уживам повторно“, заклучи Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…