Дома Останати Тенис Надал пред финалето: Уживам во ривалството со Новак, тоа ме направи подобар тенисер

Надал пред финалето: Уживам во ривалството со Новак, тоа ме направи подобар тенисер

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ утре наутро во 9:30 часот по наше време ќе го играат финалето на Австралија Опен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За Рафа ова ќе биде 25-то финале во кое ќе се брои за 18-тиот трофеј, додека Новак во 24-тото финале ќе се обиде да стигне до 15-тиот.

Ѓоковиќ во Мелбурн одигра шест финалиња и победи на сите шест, додека Надал од пет славеше само на едно.

Овие двајца во финалето на Австралија Опен играа и во 2012 година, тогаш Ѓоковиќ победи во меч кој траеше пет часа и 53 минути. Во овој момент на АТП листата Ѓоковиќ е лидер, додека Надал е веднаш зад него.

Надал пред мечот порача дека ужива во играњето против Ѓоковиќ.

„Уживам во нашето ривалство. Среќен сум затоа што Новак и Роџер ме направија подобар. Играв заедно со двајцата најдобри тенисер во историјата. Сите мечеви со Ѓоковиќ биле возбудливи, сигурно дека така ќе биде и овој пат“, изјави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лина Ѓорческа ќе се бори за место на Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го потврди учеството на вториот гренслем т…