Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на турнирот во Барселона откако денес го порази Аргентинецот, Леонард Мајер со 2:1 во сетови.
Надал имаше големи проблеми во овој меч, посебно во првиот сет кој на крајот го изгуби во тај брејк.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот славеше со 9:7 во тринаесетиот гејм и на тој начин поведе со 1:0 во сетови, но Надал сепак успеа да го сврти резултатот. Вториот рекет во светот наредните два сета ги доби со 6:4 и 6:2 и така се пласираше во осминафиналето каде што го чека сонародникот Давид Ферер.
Ферер денес го победи Лукас Пулие со 2:0 во сетови, а интересен беше и мечот помеѓу Димитров и Вердаско кој Бугаринот го изгуби со 2:1 во сетови.