Рафаел Надал по голема борба со 3-1 во сетови го победи Ник Кирјос и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.
Надал одлично го започна дуелот и во четвртиот гем успеа да направи брејк кој му го донесе првиот сет. Кирјос возврати во наредниот сет на идентичен начин, направи брејк исто така во четвртиот гем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во следните два сета се играше тај-брејк, и двата му припаднаа на Надал, првиот со 8-6, а вториот со 7-4.
Во четвртфиналето Надал ќе игра против Доминик Тим кој со 3-0 го совлада Гаел Монфис.