Рафаел Надал избори полуфинале на УС Опен после спектакуларна петчасовна борба со Доминик Тим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Надал го преживеа еден од најтешките дуели во кариерата, па на крај забележа триумф со резултат од 0:6, 6:4, 7:5, 6:7, 7:6.
Тим фантастично влезе во мечот и првиот сет го зеде со 6-0. Меѓутоа, Надал се врати во игра. После големи борби и три брејка во самиот финиш на вториот сет, успеа да го добие со 6-4, да потоа во третиот сет направи два брејка и поведе со 2:1.
Сепак, Тим не се предаде па во четвртиот сет успеа да се врати, меѓутоа во петтиот сет на самиот крај како да снема сили и Надал стигна можеби и до најтешката победа во кариерата.
Шпанецот за влез во големото финале ќе се бори со Хуан Мартин Дел Потро, кој во четири сета го елиминираше Џон Иснер.