Рафаел Надал на прес-конференцијата после победата против Маркос Гирона во првото коло на Австралија Опен ја коментираше ситуацијата во која се најде Новак Ѓоковиќ кој беше депотиран од Австралија.
Надал прво порача дека таа тема веќе му е досадна, а потоа даде свој коментар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Малку ми е досадна таа тема и изморен сум. Кога го доби првото судење кажав дека секогаш сум на страна паравдата. Вечера одлуката беше поинаква, а јас повторно ќе повторам дека никогаш нема да одам против она што го кажува правдата“.
„Секогаш сум имал добар однос со своите ривали. Животот е подобар кога е така. На Новак му посакувам се најдобро, целата ситуација беше голем хаос, тој не е единствен кој погреши, но исто така има и одговорност“, изјави Надал.
Надал и претходно често ги коментираше ситуациите на Ѓоковиќ со сагата околу доаѓањето во Австралија и не криеше дека за многу работи не се согласува со ставовите на српскиот тенисер.