Освојувачот на 22 гренд слем титули, Рафаел Надал потврди дека нема да учествува на Ролан Гарос, каде е апсолутен рекордер со 14 освоени титули.
Се најавуваше дека нема да го гледаме на Ролан Гарос, но тој денеска најави и крај на кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Невозможно е да настапам на Ролан Гарос. Не успеавме да најдеме решение на проблемот кој се појави во Австралија. Со оглед дека вие знаете колку ми значи тој турнир, јасно ви е колку беше тоа тешка одлука за мене. Немам намера да играм и во наредните неколку месеци“, изјави Надал.
„Не сум во состојба да се натпреварувам. Ќе се обидам да закрепнам во наредните месеци, нема да одредувам датум кога ќе се вратам, тоа ќе биде кога ќе бидам спремен. Би можело да се случи на крајот на годината во Дејвис купот, но ништо не можам со сигурност да кажам. Мислам дека наредната година ќе биде моја последна во кариерата“, додаде Надал.