Рафаел Надал му се заблагодари на Новак Ѓоковиќ што мисли на него и посака брзо да се врати на терените.
Новак Ѓоковиќ во средата се потсети на епското финале на Австралија Опен во 2012 година кога Србинот и Шпанецот го одиграа еден од најдолгите мечеви во историјата на тенисот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ѓоковиќ славеше после скоро шест часа игра со 5:7, 6:4, 6:2, 6:7, 7:5 по сетови за одбрана на титулата.
Додека и двајцата се рехабилитираат од повредите Новак му испрари порака на Рафа.
„Не е ниту чудо што и на двајцата сега ни е потребна рехабилитација“, порача Новак со што алудираше на споменатото финале, а денес стигна и одговор од Надал.
„Ноле и јас мислам го кажувам, воопшто не е чудно. Ти благодарам што мислиш на мене. Се надавема дека наскоро ќе се вратиш. Уживај во времето со семејството“, возврати Надал.