Дома Останати Тенис Надал: Кај Ѓоковиќ ќе имаше фрустрација доколку не го постигнеше тој рекорд

Надал: Кај Ѓоковиќ ќе имаше фрустрација доколку не го постигнеше тој рекорд

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал веќе подолго време не е активен на тениските терени, а тоа на најдобар можен начин беше искористено од неговиот голем ривал Новак Ѓоковиќ кој успеа да го мине на вечната листа на освоени грен слемови, поточно со последниот триумф на УС Опен веќе има две титули повеќе (24/22) на најзначајните турнири.

Надал имаше интервју за „Мовистар“ во кое истакна дека е задоволен од тоа што има постигнато, односно опуштен и немам никаква фрустрација по однос на тоа прашање со тоа што смета дека кај Ѓоковиќ е сосема поинаква приказна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не сум фрустриран од едноставна причина, затоа што верувам дека направив се што можев во рамките на моите можности, -истакна Надал по што новинарот даде свое мислење дека со 22 грен слем титули едноставно не можеш да бидеш фрустриран.

Може. Земете го Новак за пример. Тој ја живееше таа грен слем приказна поинтензивно од мене. За него ќе биде поголема фрсутрација тоа да не го оствари. Токму и поради тоа дојде до тој рекорд, -порача Рафа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …