Најдобриот тенисер во светот, Рафаел Надал ја освои титулата во Пекинг, откако во финалето го „прегази“ Ник Киргиос со 6:2 и 6:1 во сетови.
Клучен момент на финалето беше караницата што Австралиецот ја имаше со судијата при резултат 2-2, кога реагираше на една погрешна судиска одлука. Со видно нарушена концентрација, Киргиос направи неколку грешки, а Надал знаеше како да го искористи тоа и го доби првиот сет со 6-2. Потоа со брејк го почна и вториот и ја заврши дилемата околу победникот на турнирот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Надал стигна до уште еден трофеј во 2017 година, а Киргиос ќе мора во наредниот еден месец да се избори на место на Мастерс Купот во Лондон.
Oваа титула е 75-та во кариерата на шпанскиот тенисер со што го надмина Род Лејвер и дојде на четвртото место по број на трофеи во модерната ера.