Љубителите на тенисот со нетрпение го очекуваа враќањето на Рафаел Надал на теренот по неговото повлекување од Австралија опен, но Шпанецот ги разочара.
Шпанскиот тенисер беше пријавен за настап на турнирот во Доха следната недела, но според последните информации тој го откажа настапот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И покрај тоа што во последно време интензивно тренира, Надал почувствувал непријатност во пределот на колкот.
„Би сакал да играм во Доха, каде тимот на турнирот, како и неверојатните катарски навивачи секогаш ме поддржуваа. За жал, не сум подготвен да се натпреварувам и нема да можам да дојдам во Доха каде што навистина сакав да бидам и повторно да играм по таа незаборавна победа во 2014 година. Ќе се фокусирам на понатамошната работа за да бидам подготвен за Лас Вегас и неверојатниот турнир во Индијан Велс“, напиша Надал на социјалните мрежи