Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е во центарот на вниманието откако „Билд“ објави дека одбил да го продолжи договорот.
Се погласни се шпекулациите дека 33-годишниот голгетер на лето ќе го напушти клубот и дека Баерн се согласил да го продаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, тренерот Нагелсман вели дека ќе смета на Левандовски и следната сезона.
„Роберт тренира многу добро во последните два дена, а исто така постигна неколку добри голови на тренинзите. Тој утре ќе биде стартер. Што се однесува до иднината, позицијата на клубот е позната, мојот став е познат и ситуацијата со договорот е позната, до 31 јуни 2023 година. За ова прашање нема да коментирам ништо друго. Можете да контактирате со раководството на клубот или да го прашате Роберт“, изјави Нагелсман.