Дома Фудбал Германија Нагелсман призна дека имал понуда од Реал Мадрид

Нагелсман призна дека имал понуда од Реал Мадрид

Тренерската сензација од Германија, Јулијан Нагелсман призна дека добил понуда од Реал Мадрид по заминувањето на Зинедин Зидан.

31-годишниот тренер на Хофенхајм многу успешно се справува во Бундеслигата, па го доби надимакот „малиот Мурињо“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неговото име се поврзуваше со Баерн Минхен, Арсенал и Дортмунд, но тој одличи да остане во Хофенхајм до 2019 година, а потоа ќе се пресели во Лајпциг.

„Вистина е, добив повик од Реал Мадрид. Нема поголем клуб од Реал Мадрид, но јас имам само 31 година и не сакам да заминам од Германија. Не е сега моментов да одам во друга држава поради семејството“, изјави Нагелсман.

„Ако тренерската кариера продолжи да ми се развива добро, еден ден можеби повторно ќе добијам шанса да работам во клуб од такво ниво“, заклучи Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…