Баерн Минхен за противник во ¼ финалето во Лигата на шампионите го доби шпански Виљареал екипа која веќе приреди едно големо изненадување, па затоа во германскиот тим се претпазливи.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Виљареал во претходната фаза го елиминираше Јувентус и тоа откако во вториот натпревар во Торино ги победи Италијанците со 0:3.




„Виљареал е тим кој е актуелен освојувач на Лигата на Европа. Од клупата ги води искусен тренер и имаат квалитетен тим со јасно дефиниран стил на игра. Не е мала работа да го победите Јувентус со 0:3. Секако дека сакаме да одиме до крај во Лигата на шампионите, но прво ќе мораме да излеземе и да победи. Фавортиската улога мораме да ја оправдаме и на теренот“, изјави Нагелсман.