Дома Фудбал Лига на шампиони Нагелсман по елиминацијата од Виљареал посебно критикуваше еден играч

Нагелсман по елиминацијата од Виљареал посебно критикуваше еден играч

Баерн Минхен вчера доживеа шокантна елиминација од Лигата на шампионите од шпански Виљареал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Виљареал во првиот натпревар на свој терен победи со 1:0, а во вчерашниот натпревар на „Алијанц Арената“ беше 1:1, па така „жолтата подморници“ сензационално се пласираше во полуфиналето.

Баерн на почетокот на второто полувреме водеше со 1:0 со голот на Роберт Левандовски и изгледаше дека баварците ќе дојдат до победата и пласман понатаму, но во самиот финиш доживеаа шок. После натпреварот Нагелсман посебно го критикуваше Томас Милер.

„Томас мораше да постигне гол, шанса каква што имаше не се добива често. Неговото промашување му дозволи на Виљареал да остане во натпреварот и нивната резерва Чуквуезе во самиот финиш го постигна тој гол. Првиот натпревар беше клучен, не бевме доволно добри и тоа е тоа. Во реваншот го одигравме еден од подобрите натпревари изминатите недели, меѓутоа тешко доаѓавме до шанси затоа што противникот добро се бранеше“, изјави Нагелсман.

Во полуфиналето Виљареал ќе игра против подобриот од двомечот помеѓу Бенфика и Ливерпул, „црвените“ вечерва ќе бранат предност од 1:3 од првиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голманот кој е „српски зет“ блесна на Мундијалот, па ја „пецна“ сопругата: Сега конечно ја надминав!

Меѓу најзабележливите фигури досега на Светското првенство во фудбал е голманот на Курасао…