Дома Фудбал Останато Нагелсман: Она што Кедира ми го кажа за Роналдо е неверојатно

Нагелсман: Она што Кедира ми го кажа за Роналдо е неверојатно

Јулијан Нагелсман е еден од најдобрите тренери во светот.

Иако има само 33 години одличниот стратег работи одлично во Лајпциг и не е никакво чудо што констатно се поврзува со превземање на некој гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во 2019 година Нагелсман имал повик од Реал Мадрид, но ја одбил понудата.

„Немаше смисла тогаш да го превземам Реал Мадрид. Ќе имав само три недели до почетокот на сезоната да научам шпански, немаше да биде добро ниту за мене, ниту за Реал“.

Зборуваше Нагелсман и за Роналдо.

„Од надвор јавноста гледа само човек кој поставува фотографии од неговата јахта. Но, она што Сами Кедира ми го кажа за неговиот професионален пристап е нешто импресивно. Тој е вистинско „животно“. Прв доаѓа на тренинг и последен си оди. Исто така е топла личност и тој микс сигурно е возбуслив“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…