Кризата на Барселона беше потврдена со вчерашниот пораз од Баерн Минхен (3:0), со овој пораз Барселона испадна од Лигата на шампионите и ќе продолжи во Лигата на Европа.
Чави Ернандез призна дека Баерн бил пресилен за Барселона и дека реалноста за Каталонците е да продолжат во Лигата на Европа. Неговиот колега на спротивната страна, Јулијан Нагелсман порача дека можеле да победат уште поубедливо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Одигравме одлично во групната фаза. На Барселона можевме да и дадеме и повеќе голови, создадовме многу шанси. Како и да е задоволен сум од победата на мојот тим“, изјави Нагелсман.