Дома Топ вести Нагелсман го носи Олмо во Баерн Минхен

Нагелсман го носи Олмо во Баерн Минхен

Баерн Минхен е заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат германските медиуми.

Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде одигра одлична сезона, а сега блеска на Европското првенство.

Нагелсман одлично го познава 23-годишниот Шпанец и сака да го донесе во Баерн Минхен, но Лајпциг нема намера да се откаже за сума помала од 50 милиони евра.

Баерн е спремен во следните денови да започне преговори, но ќе треба да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…