Дома Видео Навивач со сатар влета на терен во Србија 🎥

Навивач со сатар влета на терен во Србија 🎥

Во балканскиот фудбал навикнавме да гледаме многу шокатни сцени на фудбалските терени, а сега една таква ни доаѓа од натпреварот помеѓу Срем и Слога Вогањ од пониските српски лиги.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По една мешаница на теренот фудбалерите се расправаа со главниот судија, а веднаш потоа на теренот влета маж со месарски нож.

Во кадарот може да се види како навивачот ја прескокнува оградата и влегува со сатар на теренот. Натпреварот како што пишуваат српските медиуми бил прекинат при резултат 1:0, наводно станувало збор за непосточки гол на домашната екипа.

Навивачот многу брзо бил отстранет од теренот и за среќа се се завршиле бес посериозни последици за фудбалерите и редарите. Според најавите многу веројатно тој ќе добие забрана за посета на спортски натпревари, не е исклучено да заработи и кривична пријава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…