Дома Фудбал Италија Навивач на Интер со жестока провокација до Ванда (ФОТО)

Навивач на Интер со жестока провокација до Ванда (ФОТО)

icardi vanda

Tимот на Интер се пласираше во осминафиналето во Лигата на Европа бидејќи вчера пред своите навивачи го победи Рапид со 4:0.

Добро познато е што се случува во таборот на „нероаѕурите“ и проблемите кои ги има овој клуб со својот најдобар играч Мауро Икарди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Икарди ниту вчера не беше на теренот, како што беше случај и во претходниот натпревар со Рапид и оној со Сампдорија во Серија А. Неодамна Интер излезе со официјално соопштение во кое се наведуваше дека Икарди нема проблеми со коленото, меѓутоа Аргентинецот не се појави на теренот ниту против Рапид.

Ванда и Икарди во вчерашнинот натпревар се појави на трибините, а доби и свирежи од навивачите на „Џузепе Меаца“. Фабио Капело неодамна ја обвини Ванда дека таа е виновна за се што се случува со Икарди, мислењето на големиот италијански стратег го делат и поголемиот број навивачи на клубот Милано.

„Во соблекувалната на еден тим во никој случај не смее да се дозволи сопругата на фудбалерот кој е капитен да зборува што ќе стигне во јавноста на штета на клубот. Џабе Икарди се поздравува со судијата на натпреварот кога очигледно капитенот на Интер е во неговиот дом“, изјави неодамна Капело за „Скај“
На вчерашниот натпревар од трибините еден навивач на Интер испрати жестока провокација до Ванда.

Имено, тој носеше дрес од Интер со бројот девет, меѓутоа место името на Икарди стоеше името на Макси Лопез. Ова секако беше провокација до Ванда со оглед на тоа дека Макси Лопез е поранешниот сопруг на Ванда Нара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …